Даниел Дончевски од Маџари по четврти пат го фаќа крстот во водите на реката Вардар, а по истиот во осветените води скока по осми пат.
Дончевски и во 2014 беше среќниот кој го фати крстот во водите на Вардар.
-Преубаво чувство. Нека е за могу години овој празник. Овој крст нека донесе многу здравје и среќа, изјави дваесет и шест годишниот Даниел.
Премиерот за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев на Даниел му подари телевизор.