Даниел доаѓа во Скопје – ќе го пречекаат фановите – еве кога и каде


Победникот на регионалното музичко шоу „Х-Фактор“, нашиот Даниел Кајмакоски, утре пристигнува во Скопје.

Finale-X-Faktora-Daniel-Kajmakoski-2-670x446Даниел утре во 15 часот ќе слета на аеродромот „Александар Македонски“.

Тој ги повика сите обожаватели  да го пречекаат на скопскиот аеродром за да им ја искаже својата благодарност за поддршката.

За да не дојде до несакана ситуација, каков што беше случајот со претходната негова дружба со обожавателите, Даниел и неговиот тим повикуваат на смиреност и на разумност.

Повик за организиран пречек има и на официјалната фан група на фејсбук.

Македонецот Даниел Кајмакоски во неделата го освои првото место на регионалното музичко шоу „Х-Фактор“. Стружанецот со славејски глас ги освои срцата на балканската публика и уште од првиот момент беше фаворит.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1