Даниел и Тамара заслужено први: Кајмакоски заминува на Евровизија со чист образ


Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска, регуларно го освоија своето прво, односно второ место на Скопскиот фестивал, информираше Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Јавното обвинителство преку соопштение информираше дека од досега спроведените истражни соопштенија во врска со нерегуларностите со гласањето на Скопскиот фестивал првите две места биле добиени со регуларни гласови, односно за победата на Даниел Кајмакоски и за второто место на Тамара Тодевска, победила волјата на гласачите.skopski festival

Според JO за гонење на организиран криминал истрагата продолжува. МВР вечерта кога Македонија избираше песна за Евровизија спроведе полициска  акција во која беше уапсена група од продуценти, композитори и автори кои според МВР влијаеле на резултатите на телефонското гласање на Скопскиот фестивал.

Во два стана во Скопје беа пронајдени над  две илјади СИМ картички од кои според МВР фиктивно се гласало. Постојат сомненија дека истата група мешала прсти во гласањата и на два фестивали за народна музика.

Кајмаковски како победник доби парична награда од 20.000 евра, а Тодевска, како второпласирана заработи 15.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1