Даниел Кајмакоски: Тежок живот, многу мака и обиди до своето место на сцената


Со огромна желба да се занимава со пеење, во 2010 година сепак се откажува. Заминува во Виена и почнува да работи во градежништво.

daniel zeljko“Тоа баш ми одеше добро, дури станав и надзорник, вели Кајмакоски за српски Блиц, но тоа едноставно не било тоа.

Претходно се откажал од пеење и тргнал “по леб“ во странство, но тогаш неговиот пријател го наговорил и го пријавил во Х-Фактор.

“Роден сум со музиката во себе. Мојот татко свиреше армоника и пее народна музика, а јас сум самоук. Малку свирам гитара, клавир и пејам“, вели Даниел.

Ова скромно момче без проблеми открива како во еден момент во животот пресекол и ја напуштил музиката.

daniel666“Три години работев на градилиште. Таму стекнав многу добри пријатели. Бев унапреден, а добив и канцеларија, но нешто ми недостигаше. Дури и шефот ми рече дека морам да и се вратам на музиката. И тогаш мојот пријател Антонио ме повика и ми рече:“Слушај, јас те пријавив за Х-Фактор, а ти прави како што мислиш дека треба, раскажува Даниел.

На коментарите дека е еден од фаворитите само ги крева рамениците.

“Не знам како да ви одговорам на тоа. Никој не е совршен, сите фалшираме и имаме лош ден, но ние од Х-Фактор можеме да се мериме со светските ѕвезди“, сигурен е Кајмакоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1