Давај МАКЕДОНИЈА ,,ГАЗ,,


МАКЕДОНИЈА – ГАЗ ќерка компанија на ГАЗПРОМ 🙂

Сите компании кои ги основа Газпром во Европа го носaт името на државата и придавката Газ. Во Македонскиот случај заради значењето на зборот ,,ГАЗ,, ќе се направел исклучок.


Според информациите за кои наголемо се зборува на форумите, а според тврдењата се информација од македонски новинари – дописници од Русија, Македонија имала проблем како да ја крсти новата гасна компанија која ќе е ќерка на руски ГАЗПРОМ.

Имено сите компании кои ги основа Газпром во Европа го носaт името на државата и придавката Газ. Во Македонскиот случај заради значењето на зборот ,,ГАЗ,, ќе се направел исклучок.

Македонската делегација наводно го информирала Алексеј Милер дека е тоа комично име и компанијата во Скопје која се оснива треба да носи име Македонија – Гас. Ова ќе е исклучок од сите други ќерки компании на ГАЗПРОМ.  Уште во отпочнувањето на преговорите со Алексеј Милер –Генерален директор на Газпром,човек на Медведев, името на компанијата МакедонијаГаз е отфрлено како подругливо.

Се работи за компанија која ќе биде основана помеѓу ГазПром и Македонските власти во однос 51:49 и ќе биде главен диспечер на гасот кои влегува од Бугарија. Македонските власти се обврзале да му дадат на Газпром екслкузивитет во наредните 10 години, се вели во информацијата пласирана на интернет.

Доколку е точна оваа информација Македонија мака ќе си мачи со името – каде работиш??? – во MакедонијаГАЗ 🙂 🙂 🙂 🙂

Доколку пак не е –  барем е смешна информацијата.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1