Давид и Голијат: 6 год дете претепа огромен наставник по физичко (Видео)


Наставник по физичко бил претепан од 6 годишен ученик. За здобиените повреди наставникот го тужи детето.

Џон Вебстер, наставникот по физичко кој е огромен, бил и поранешен рагби играч висок е метар и 77 сантиметри а тежи 100 килограми.

Тој тврди дека го претепало шестгодишно момче кое тежи 22 килограми. Вебстер имал фрактури на зглобот и колената.

Според сведочењето на професорот до ,,Тепачката“ дошло кога тој во училишната кафетерија видел неколку момчиња кој правеле проблеми. Се обидел да го фати малиот Родриго Карпио за рака, детето го гризнало. Поради ова наставникот го одвел кај директорот каде што детето го претепало. Според сведочењата Родриго го удрил професорот во потколеницата, и веднаш потоа и во коленото по што наставникот само се струполил на подот.

„Тој е мал ѓавол скриен во тело на ангел. Штом ќе се свртите, тој се претвора во суштество од пеколот со рогови“, изјавил Вебстер.

Детето и досега било пријавувано за инциденти, се знае дека клоцал директори, други наставници, дури и шефот на обезбедувањето. Сепак неговите родители велат дека тужбата е апсурдна.

– Како може моето мало момче може да направи толку голема штета? Тоа е ужасно дури и да се рече, – велат неговите родители.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1