Најдолго живеат Албанците, најкратко Србите – Македонците на средина


 

На подрaчјето на западен Балкан најдолго живеат Албанците 76,4 години, следат Хрватите са просечен век од 75,7 години, а најкратко живеат Србите 74 години, ова го покажуваат податоците на ОН.

Според последните истражувања на Обединетите Нации за просечниот животен век на населението на западниот Балкан, најдолго живеат Албанците, а најкратко Србите.

Како што пренесува агенцијата Анадолија, листата изгледа вака

1. Албанија – просек 76,4 години (Мажите живеат 73,4, а жените 79,7 години.)

2. Хрватска – просек 75,7 години (Мажите живеат 72,3 ,а жените 79,2 години.)

3. Босна и Херцеговина – просек 74,9 (Мажите 72,2 , а жените 77,4 години.)

4. Црна Гора – просек 74,5 години (Мажите 72,4, а жените години 76,8.)

5. Македонија – просек 74,2 године (Мажите живеат 71,8, а жените 76,6 години.)

Според податоците најкраток животен век од 74 години има во Србија. Мажите  просечно живеат 71,7, а жените 76,3 години.

Од останатите држави во регионот на југоисточна Европа, најдолго живеат Грците со просек од 79,5 години. Следат Словенија со 77,9, Унгарија 73,3, Бугарија 73, Романија 72,5 и Турција 71,8 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1