Ќе предизвика ли НАТО Трета светска војна за да го спречи ширењето на револуционерната технологија?


„Кеш“ фондот тврди дека  новата револуционерна технологија им овозможува на луѓето бесплатна енергија, ефикасен превоз (на земјата и во вселената), нови методи на лекување, анти-гравитација, и многу други можности…

 Основач на „Кеш“ фондот е Нуклеарен инженер со Иранско потекло, Мехран Кеш.
Многумина го поврзуваат научното откритие на Кеш како вистински предизвикувач на непријателство према Иран, од страна на членовите на НАТО-пактот, кое ги погодува енергетските компании, за кои очигледно оваа технологија не е добредојдена.

Затоа многумина кои веруваат во теориите на заговор тврдат дека НАТО ќе се обиде да испровоцира Трета светска војна пред таа презентација, која би требало да се одржи во Белгија, за да се спречи излегување на таква технологија во јавноста.

Истакнато е и дека со помош на таа технологија, патувањето меѓу Техеран – Њујорк би траело помалку од десет минути.

Самиот  Мехран Кеш објавил набрзо по киднапирањето на американското шпионско (беспилотно) летало над иранскиот воздушен простор (минатата година), како всушност Кеш фондот  и пружал технологија на иранската војска, со која тие го приземјиле американскиот „spy drone“ без гребнатинка.

Но, кој е всушност Мехран Таваколи Кеш и неговата Кеш Фондација?

М.Т. Кеш е познат во научните кругови како надарен ирански нуклеарен физичар, кој се школувал во Лондон, и кој веќе 40 години ја проучува плазмата со електрично полнење. Кеш Фондацијата ја основал во Холандија, а седиштето во Белгија.

Странските медиуми настапиле непроверено, а веројатно и злобно, со што наведувале дека базата на фондацијата се наоѓала во Иран, што го потврдува кокетирањето со атомското оружје, и покрај недостатокот на докази за поткрепа на тие тврдења.

Примарните работи на фондацијата се поврзани со вселенската технологија и превоз на луѓе и добра. Официјалната страница објаснува дека станува збор за „непрофитабилна и нерелигиозна организација, што ја основал нуклеарен инженер М.Т. Кеш, и чија цел е развој на најновите научни откритија, нови технологии и решение за најважните глобални проблеми.“

Тоа што дигна голема прашина и расправии, е новиот енергетски систем, кој Кеш го предлага. Се се засновува врз поинаков поглед на силата на гравитацијата, која ја смета за слична со магнетизмот со една разлика кај поларизацијата.

Стандардниот модел од физиката објаснува дека неутронот се состои од три кваркови и глуони, а Кеш верува во симбиозата на материјата, анти-материјата и темните материи, за што веќе започнале бројни расправи во струката.

Кеш ја презентирал таквата теорија на микро (шише Кока Кола како реактор на плазмата) и макро (голем генератор на плазмата) ниво, со што сакал да докаже дека неговиот модел на енергетски систем е општо-применлив и едноставен. Бројните научниците ја прифатиле неговата работа како практичен успех , но, теоретскиот дел останал во најмала рака неприфатен.

Кеш патентирал преку 300 нови уреди и материјали кои работат на нов начин, според новата технологија, по што научно била докажана нивната ефикасност. Како што веќе наведовме, проблемот е теоријата, бидејќи овие наоди  всушност би значеле анти-гравитација – легендарни хипотетички  честички, како и течниот CO2 и метан со ослободување на енергија во процесот.

Научните откритија исто така го развиваат и медицинскиот систем, за да им пружа на астронаутите подолги вселенски летови. Тоа е веројатно и најконтроверзната ставка на проектот, особено поради видеата на официјалната веб-страница, каде бројните заболените сведочат за чудесното излекување по третманот, со помош на уредот за корекција на магнетскиот набој на плазмата во организмот.

Фондацијата од друга страна, пред јавноста станала позната по големата афера, кога нејзиниот самоназначен претставник Адрианус А. Ван ден Елшот, собирал спонзорства за проект низ целиот свет, кои ги трошел за свои лични потреби.

Иако Кеш на време предупредил за измамата, до денешниот ден, Фондацијата го нема обелено својот образ потполно. Тој случај многу веројатно нема да и помогне за понатамошно проширување, особено за тоа што нудат бесплатна логистика за соработка со политичкиот сектор.

Сега се прашуваме, во што е финтата? Првата контроверзија е поврзана за непрофитабилноста на Фондацијата. Никој навистина не верува дека Кеш ќе ги предаде бесплатно сите права и патенти на човештвото. Другото важно прашање е дали ќе сака Владата да прифати вакви решенија?

Судејќи по првите реакции, нема да ги прифати. Технологијата не е профитабилна и не постои можност за наплата за користење на жителите, освен за изградбата на потребната инфраструктура. Се разбира, политичарите моментално се прилично внимателни и никој не дава изјава пред можната објава. Третиот проблем би можел да претставува корпоративниот сектор, кој, ако се` се покаже како вистина, многу веројатно е дека ќе се комерцијализираат овие наоди, и со добар маркетинг ќе ги протуркаат своите најнови софистицирани производи како едноставни и бесплатни.

-Физиката е неуморна – изјавил физичарот Иван Луц, парафразирајќи го Келвин со зборовите „ако некој не може да докаже со броеви за што зборува, тогаш веројатно не знае за што зборува“. Луц заклучува дека подрачјето на истражувањето на Кеш е „лизгав терен“ и дека посебно го поддржува секое настојување на научникот во тие насоки.
Многу повеќе информации имате на официјалната страница на проектот -http://www.keshefoundation.org/, како и на youtube каналот со видео снимки – http://www.youtube.com/user/keshefoundation

Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1