Сообраќајот на сите патишта се одвива тековно, по влажни коловози, соопшти „Македонија пат“ во својот извештај на полноќ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила,додека за останатите е задолжителна зимска опрема.
Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.