Давутоглу: И за крајот на светот ќе одберев да сум во Македонија – пријатели ќе сме до судниот ден


Ако според календарот на Маите денеска требаше да се случи крајот на светот, јас ќе одберев да бидам тука во Скопје, Македонија, мојот дом. Шефот на турската дипломатија нагласи дека добрите партнерски односи меѓу Македонија и Турција ќе траат до крајот на историјата

davitoglu– Ве уверувам дека турската Влада, премиерот, претседателот и 75 милиони Турци ги имате за свои пријатели и тоа пријателство ќе продолжи вечно. Моето присуство во Скопје денес е уште една потврда дека ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија секогаш и секаде, засекогаш. Стабилноста, просперитетот и безбедноста на Македонија е важна за нас како и нашата стабилност и безбедност, рече Давутоглу.

Давутоглу потсети дека во август 1992 година Турција беше првата земја која ја призна Македонија под уставното име и оттогаш трае поддршката за нејзина интеграција во ЕУ и НАТО. Давутоглу ја пофали Македонија за почитувањето и толеранцијата во однос на сите малцинства како пример на Балканот. А економската соработка која сега е 400 милиони долари, Давитоглу очекува во следниот период ќе достигне една милијарда долари.
на Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу на Унивезтитет „Свети Кирил и Методиј“ му беше доделена титулата „почесен доктор на науки“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1