Скопјанец загина во сообраќајка на патот Штип-Радовиш – 7 повредени


Ацо С.(48) од Скопје го загуби животот, а седум лица се здобија со повреди во сообраќајната незгода на магистралниот пат Штип-Радовиш, кај крстосницата со патниот правец кој води за село Тополница што се случи денеска во 10:50 часот.

soobrakj skopjeКако што информира МВР, во сообраќајна незгода учествувале три патнички моторни возила – „Лада Нива“ со скопски регистерски таблички , „Пежо“ со радовишки регистерски таблички и „БМВ“ со бугарски национални ознаки.

Загинатиот Ацо С. се наоѓал во возилото „Лада Нива“, а седумте лица што се здобиле со повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Штип.

На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициска станица Радовиш во присуство на истражен судија и јавен обвинител.

MIA

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1