Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дозна дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“. Двајцата соученици, како што дознава „Сител“ се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише.
Детето веднаш ја информирало наставничката, но според информации на „Сител“, таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето.
„Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.“
Како што соопштија од Општината, директорот на училиштето поднел оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор. Формирана е и комисија, а ќе се поведе дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца. во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.