Дел од општина Центар денес без струја – во понеделник Чаир и Кисела Вода


Од 09 до 12 часот денес без струја ќе останат корисниците лоцирани на улица „Ленинградска“ во општина Центар.


В понеделник без струја од 08:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Струмичка“, „Павле Илич“, „Дижонска“ и „Вуковарска“ во општина Чаир. Од 09 од 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Востаничка“, општина Кисела Вода.

Во периодот од 09 до 15 часот, в понеделник без струја ќе останат корисниците од улиците „4“,„5“ и „8“ во село Студеничани.

Без електрична енергија од 09:30 до 15 часот в понеделник ќе бидат дел од корисниците од улица „Козле“, поточно во околината на куќниот бр.38 од истата улица. Од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Шишево, општина Сарај.
– Прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони, информира РЦУК – Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1