Денес сончево – утре дожд


Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла  која понекаде ке се задржи и претпладне, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност.

Ке дува слаб југоисточен ветар. Утринските температури ке се движат од -1°C до 8°C, а максималните дневни ке достигнат до 9°C односно до 18°C.

Во Скопје во утринските часови ке има појава на магла која ке се задржи и претпладне, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветар. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна ке достигне до 15°C.

Во понеделник во Македонија ке биде претежно облачно и ветровито време. Во попладневните часови нестабилно со врнежи од дожд. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели ке дува југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од 0°C до 9°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 7°C односно до 16°C.

Облачно со врнежи од дожд и ветровито ке биде и во вторник. Ке дува слаб северен и североисточен ветар. Утринските температури ке бидат во пораст и ке се движат од 4°C до 12°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 7°C односно до 16°C.

weather4all.com

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1