Корисниците од село Морани и викенд населбата Морани, како и објектот на Зимес и сепарација Имери, утре од 8.30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 8.30 до 14.30 часот, без струја ќе се и корисниците од улиците Стојна Стефкова, Коста Абрашевиќ и Панче Неделковски во општина Чаир, од 9 до 11 часот дел од корисниците од Визбегово, а од 9 до 13 часот и дел од корисниците од улица Црвена Армија во општина Ѓорче Петров.
Од 9 до 14 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од Кочкова Населба, село Градманци, Месна Река, гасовод Градманци и Космофон Катланово, од 9.30 до 15 часот дел од викендиците во село Кучково, а од 10 до 13 часот дел од корисниците од село Радуша.
Во периодот од 10:30 до 15 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата Демир Трајко во општина Карпош.
Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.