Наставниците и учениците утринава затекнале искршени прозорци на училиштето „Сали Лиси“ во општина Врапчиште.
Засега непознати сторители во текот на вчерашниот ден со камења ги искршиле прозорците на училиштето – вкупно 14. Истото училиште пред неколку месеци го посетија крадци кој со себе однесоа 30 сетина училишни лап топ компјутери.
Направен е увид од страна на полицијата, се трага по сторителите.