Повредено момче на плажа во Струга – го удрил скутер


Вчера попладнето околу 17 часот додека момчето се сончало на педалинка во водите на охридското езеро во близина на машката плажа во Струга, во него удрил скутер.

Момчето од тетовското село Брвеница е во болница, а полицијата трага по скутерџијата кој избегал од местото.

Повреденото момче се здобило со сериозни повреди и е пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Има повредени тетиви и повеќе расекотини.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1