Присутните демонстранти започнаа да фрлаат јајца кон зградата на собранието.
Тие пред да започнат да фрлаат, одадоа едноминутен молк за Мартин Нешкоски. Братот на Мартин, Александар одржа говор на кој ги повика присутните секој ден да доаѓаат во шест часот попладне, бидејќи како што рече, тоа што му се случило на Мартин можело да му се случи на секој од нив.
Тој истакна дека секој може да биде на неговото место. Кога демонстрантите пристигнаа пред собранието седеа на земја и палеа свеќи за младиот Мартин. Во толпата забележани се и истакнати членови на опозицијата.
Откако полицијата добро ја обезбеди зградата на владата и не им дозволи на демонстрантите да протестираат пред неа, сега, стотици граѓани протестираат пред собранието на Република Македонија