Крвавите протести во Чиле не запираат , а денеска на улиците на Сантијаго се запалени две полицајки.
Полицијата кон демонстрантите во Сантијаго фрли солзавец и ги гаѓаше со водени топови , а тие возвратија со камења и Молотиови коктели. Со овие запалливи бомби беа повредени две полицајки , кои со сериозни изгореници завршија во болница.
Тие биле погодени во пределот на главата, а особено шокантни фотографии и снимки на едната од нив, на кои се гледа целиот ужас низ кој поминува додека нејзините колеги се обидуваат да ја изгаснат.
Повредени се 20-годишната Абигаил Каталина Абурт Карданас и нејзината пет години постара колешка Марија Хозе Хернандез Торес, двете припаднички на специјалната полиција во градот Сантијаго.