„Ден рајс“. „Гладна Русија“


Фестивалот заврши, и време е нешто да се „фрли во клун“. Членовите на скопскиот бенд „Ден рајс“ ,по одличниот настап во финалето на Јелен демо фест 2012 во Бања Лука, зад сцената си каснаа по некој сендвич, да закрепнат душа.

Додека машките припадници од бендот јадеа, нивната пејачка Михаела Василевска, ученичка во “Орце Николов”,  и во тие„гладни“ моменти внимаваше на својата линија.

„Ден рајс“ оставија одличен впечаток на јелен Демофест (26-28 јули). Еден од членовите ни покажа дека  дури името на бендот го има истетовирано на својата рака.

Сите тие имаат по 17 години, освен тапанарот, кој имаше 18 години, а со автомобил  таму ги доведе нивниот татко (инаку брат на госпоѓа Вилма Трајковска).

На овој убав фестивал, каде се е организирано прецизно како швајцарски часовник, беа пријавени 400 демо бендови, а 31 од нив влегоа во двете полуфиналиња, додека во финалето  11  жестоко се бореа за да ја зграпчат и икористат својата шанса на сцена.

Битолчаните „Дед шот“ првата вечер не успеаја да влеазт во финале, и покрај одличниот настап.

Во финалето победија домаќините „Неуро“, од Бања Лука, а доделени беа и други награди, додека фасцинантна ревијална програма одржаа култниот хрватскиот бенд „Психомодо поп“, а нивниот лидер Давор Гобац  се качуваше по металната конструкција на сцената.

Интересно е што интерес за овој фестивал покажале и бендови од Италија и од Австрија, но како што официјално ни кажа Бранкица Стојанович, ПР-от на овој фестивал, од организаторот им вратиле писмо со следниов одговор и барање за реципроцитет- со радост би ве прифатиле да ни дојдете на фестивалот, но ова е балкански фестивал. Кога нашите бендови ќе ги примите да свират кај вас, тогаши вие сте добредојдени кај нас….

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1