Руски панкерки во суд зошто ги критикуваа Путин и црквата


На членките на панк-бендот „Pussy Riot“ им се закануа седумгодишна затворска казна поради нивниот настап во московска црква на кој молеа и пееја за крај на политичката кариера на рускиот престедател Владимир Путин.

Денешниот ден од сослушувањето беше пропратен со многубројни полицајци, но и со протест од поддржувачите на бендот кои носеа транспаренти под мотото „Freedom for Pussy Riot “.

Членките на панк-групата веќе пет месеци се во истражен притвор, а борците за човекови права сметаат дека нема да има фер судење и дека ќе завршат во затвор.

Според нив, Надежда Толокоинова, Марија Алојчина и Јекатерина Самузевич ќе седумгодишен притвор во казнен логор, пренесуваат руските агенции.

Путин ги тужи за “хулиганизам поради верска омраза“, а адвокатите на обвинетите сметаат дека се работи за обичен прекршок.

„Девојките немаа оружје и не уништија ништо“, изјави адвокатот Николај Полосов. Музичарките пак, во своја одбрана, се повикуваат на правото за слободно изразување.

На првото сослушување на почетокот на овој месец беше одлучено панкерките да останат во притвор до јануари, а фановите и поддржувачите ја именуваа оваа одлука како “правосудна перверзија“

Повеќе меѓународни организации веќе со месеци ги повикуваат руските власти, да се откажат од строга казна за женскиот панк бенд и да се земе в предвид дека две од нив се мајки.

Share Button

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1