Еболата се врати! 14 мртви во Уганда – Видео


Пациентите ги напуштат болницата во западниот дел на Уганда, откако е потврдена смртта на 14 лица од ебола во земјата, пренесува Гардијан

Враќањето на смртоносна ебола во Африка го потврди и Владата на Уганда и  Светската здравствена организација. Нивното Министерството за здравство располага со податоци за 20 заболени пациенти, од кои 14 починале. За лекување на ебола (хеморагична треска) не постои ни лек ни вакцина, а се пренесува преку телесни течности и убива 90 проценти од оние кои доаѓаат во контакт со вирусот.

Последен пат оваа болест ја имаше во 2011 година, а пред тоа во 2007 година и тоа токму во Уганда. За време на епидемија во 2007 година заболеа 149 луѓе, а почунаа 37.

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, им порача на граѓаните да избегнуваат физички контакт затоа што смртоносниот вирус  „ебола“ коси животи во главниот град Кампала.

Во изминатите три недели починаа 14 лица, а исто така е потрвдено дека има многу инфицирани.

Мусевини препорача луѓето да не се ракуваат, бакнуваат и да немаат интимен контакт, како би можело да се запре ширењето на болеста.

Претседателот дури ги замоли граѓаните сами да ни ги погребуваат роднините и пријателите починати од ебола, туку да повикаат здравствени работници кои ќе им помогнат.

Седум доктори и 13 здравствени работници беа ставени во карантин во најголемата болница во Кампала. Еден од нив веќе почина, а првата жртва на оваа смртоносна болест беше трудна жена.

Симптомите на еболата се треска, малаксаност, силни главоболки, повраќање и проблеми со бубрезите и не постои вакцина која може да ја победи оваа болест.

Tags: ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1