Хуманитарен концерт утре на школка за Марина од село Долгаец


 

Утре 1 август во Градскиот Парк на популарната школка, со почеток во 18 па се до 21 часот се организра хуманитарна акција за собирање на финансиски средства за помош на Марина Подигачоска од село Долгаец.

20 годишната Марина Подигачоска е студент на Биотехнички факултет во Битола, останала сама без родители и преживува со 6000 денари помош.

Со тие пари плаќа и храна и сметки и школување. живее во мала куќа во селото. Наместо под и тепих, гази на земја, а спие на железен кревет, во зима се покрива со бодликава покривка ткаена од козјо влакно.

Патува со воз до факултетот, а некогаш пешачи по час и половина до соседното село Слепче.

По објавувањето на сторијата на ТВ Телма железници на Марина и дадоа бесплатен годишен билет, факултетот бесплатно студирање, а многу добронамерници и помогнаа со мебел, храна и најпотребни продукти.

Телефонски број за контакт со Марина е 075/552-182.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1