Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а до крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста.
Дневната температура ќе се движи од 29 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде исто така сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 32 степени.