Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Во југозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 31 степен.
Во Скопје слично време, со утринска температура до 16 и со дневна до 29 степени.