Денес конечно лето – цела недела ќе е сончево и топло – еве ја прогнозата


Во Македонија денеска времето ќе биде претежно сончево и топло, а од утре ќе имаме вистински летни температури.

toplo-vremeУслови за слаб локален дожд денеска ќе има само во западните предели од земјата.

Утринските температури се движат од 12 до 21 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде со вредност 8.

Денеска во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб северозападен ветер.

Утринската температура е од 18, а максималната дневна температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени со УВ индекс 8.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1