Денес неповолно биометео – може да почустувате главоболки, болки во колената, грбот и вратот..
Oпшта слабост и чувство на тежина во главата може да предизвикаат утрово временските услови кај метеоропатите.
Во претпладневните часови, пак, како што велат синоптичарите, можни се поинтензивни ревматски болки и изразени артритични промени.
Навечер, кај поголем број луѓе е можна појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот.