Шалом за средбата со Заев: Имав само куса куртоазна средба


Имав куса, куртоазна средба со лидерот на опозицијата Зоран Заев што е нормално за две пријателски земји, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом во кое се појаснува средбата која ја имаше со претседателот на СДСМ.zaev shalom

„На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. На средбата не се разговараше за какви било безбедносни или финансиски прашања“, се вели во соопштението кое го пренесе израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан, a го објави Телма.

Заев за време на посетата на Израел изјави дека со дел од претставниците на израелските владини служби се разговарало и за случајот со продажбата на израелска опрема за прислушување и сомневањата за провизиите кои биле исплатени на македонски политичари, но според соопштението средбата бил куса и куртоазна и не станало збор за безбедносни прашања.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1