Денес потопло – температури до 16 степени


Времетово Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, особено на повисоките места, на планините и на крајниот југоисточен дел. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од еден до 16 степени.

6144865-lurking-sun-in-winter-clothes--vector-illustration

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во четврток ќе преовладува стабилно и суво време, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.

Од петок попладне ќе има позначителна промена на времето, со умерен до засилен северен ветер, опаѓање на температурата и локални врнежи од дожд и снег.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1