Денес пресуда за Чавков, Нинџа, Ченто, Југ и други за настаните на 27. април


Во Кривичниот суд во Скопје, 17 обвинети ќе ја чујат пресудата на судечкиот совет што го води судијката Добрила Кацарска за предметот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за настаните од 27. април.

Обвинети во предметот останаа: Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Чентo, Горанче Анѓеловски, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски Кољо и Александар Василевски – Нинџа.

За кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, на обвинетите им се заканува казна затвор од минимум 10 години затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1