Денеска времето ќе биде малку посвежо во однос на вчерашните температури, со мали локални врнежи од дожд, главно во североисточните делови од земјата.
Веќе во наредните денови се очекува постојан пораст на дневните температури. Македонија повторно ќе влезе под влијание на топла воздушна маса за вистински летни температури.
Дневните температури во Скопје ќе бидат 31 степен, Тетово 30, Гостивар 28, Маврово 21, Дебар 29, Куманово 29, Крива Паланка 28, Штип 31, Свети Николе 30, Виница 29, Берово 26, Струмица 33, Дојран 35, Гевгелија 35, Демир Капија 34, Кавадарци 32, Радовиш 30, Крушево 22, Прилеп 30, Битола 31, Охрид 28…
Утре максималните температури ќе се движат од 28 до 35 Целзиусови степени, во четврток до 37, во петок до 38 степени. УВ индексот од денеска до петок ќе биде 9.