Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70км/час.
Попладне се очекува постепено стабилизирање на времето.
Највисока температура од 34 степени се очекува во јужните делови кај Гевгелија и Дојран. Скопје и Демир Капија ќе достигна до 32 степен, додека во останатите делови од земјата температурите ќе бидат под 30 степени.
Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7.