И седиштето на СДСМ во Центар ќе мора да премине во „барок“


Откако се изградија новата „барокна“ зграда на партијата ВМРО-ДПМНЕ и плоштадот „ВМРО“, походот за целосна промена на изгледот на центарот на Скопје продолжува со менување на надворешниот изглед на други зданија што гравитираат во просторот околу овие објекти. Градот Скопје распиша оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасада на постоечката зграда на улицата „Даме Груев“, број 18 (објект бр. 4.2.2. во ДУП Мал Ринг), која се наоѓа веднаш до седиштето на владејачката партија. Интересно е да се спомене дека токму во овој објект се наоѓа седиштето на општинската организација на СДСМ – Центар.barokna-fasada-plostad-540x359

Изработката на основниот проект за оваа зграда е проценето дека ќе чини 500 илјади денари, при што неопходната документација ќе се изготви врз основа на веќе изработеното идејно решение. Како што е досега познато, Градот Скопје планира да ги измени фасадите на сите објекти лоцирани околу плоштадот „ВМРО“, за што во јануари 2014 година беше распишан и архитектонски Конкурс. Извесно е дека сите овие објекти ќе бидат преслечени во стилот на владиниот проект „Скопје 2014“.

 Build.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1