Денеска е Св. пророк Илија – Илинден


Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Свети Илија е пророк кој живеел во IX век п.н.е. на просторот на денешен Израел и Палестина. За неговото дело пишува во Стариот Завет, Новиот Завет, Талмудот и Куранот, што значи дека е почитуван во сите Аврамски религии, како: јудаизмот, христијанството, исламот, бахајството, Јеховите сведоци и мормонството.

Свети Илија Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија, Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Еузебиј.

Бил роден во Сардинија во почетокот на четвртиот век. Во 345 година бил избран за бискуп во Верчелија. Верата меѓу народот ја ширел со проповедувањето. Царот Констанциј го протерал поради верата во прогонството. Кога се вратил од прогонството, во земјата работел на обновувањето на верата пртоив ариевците. Умрел во Верчелија, во 371 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1