Денеска православната црква го празнува Свети Прокопиј, празник кој не е обележан со црвено во верскиот календар, но сепак му се придава големо значење и за него се врзани разни обичаи и верувања.
Во некои краеви се смета дека овој ден е погоден за свадби, бидејќи Свети Прокопиј ги благословува младите. Денеска се избегнува копање, да дури и погребување.
Исто така на овој ден не треба да се бањате. Овој светец се смета за заштитник на децата, а го слават и каменорезачите и бунарџиите.