Денеска пред Судска палата во 12 часот – протест за Кежо!!!


Денеска точно на пладне, пред Апелацискиот суд во Скопје, ќе се одржи протест против затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, кој во петокот вечерта по итна постапка беше спроведен во затворот во Шутка, на доиздржување на затворската казна од три месеци.kezo2(1)

Претходно, новинарските здруженија повикаа на протест за ослободување на Кежаровски. Повикот го прифатија повеќе граѓански организации и здруженија, политички партии, граѓани и новинари, како и студенти.
Апелацискиот суд преку соопштение изрази став дека повикот за протест против одлуката на судот е притисок врз судството.
Насилничкото затворање на Кежаровски, кому Апелацискиот суд му ја намали казната од 4,5 на 2 години, го осудија и меѓународните новинарски здруженија, како и здруженијата на новинарите од Балканот.
Според најавите за поддршка, денеска се очекува масовен протест пред Апелацискиот суд во Скопје.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1