Пред 35 години почина претседателот на СФРЈ, Тито, замина на 4-ти Мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубјана. Четири дена подоцна беше погребан во Белград во процесија која ја проследија 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот.
Тито беше неприкосновениот лидер на некогаш заедничката држава од крајот на Втората светска војна, во која го предводеше партизанскиот отпор, па се до неговата смрт со која се означи почетокот на крајот на Југославија кој куминираше со крвавите војни во 90-тите години.
Секоја година, на годишнината од неговата смрт, во „Куќата на цвеќето“ доаѓаат посетители од сите делови на бившата СФРЈ да му оддадат почит на маршалот.
Докторот Предраг Лалевиќ кој има 87 години, познат хирург и анестезиолог, неодамна ја објави својата исповед за последните четири месеци од животот на Тито во болницата во Љубљана. Тој е човекот кој е запишан во историјата, кој ги исклучил апаратите кои го одржуваа во живот претседателот на СФРЈ.
Пред смртта, раскажува Лалевиќ, Тито пееше на руски јазик и сонуваше Кинези.
-Во претпладневните часови почна хемодијализата. Меѓутоа, по извесно време дојде до пад на крвниот притисок кој не се поправи и мораше да биде прекината хемодијализата. Сите членови на конзилиумот, дежурните лекари и најдобрите медицински сестри кои го негуваа претседателот, се собраа околу неговиот кревет. Тито полека се гаснеше, раскажува Лалевиќ.
во 15:05 часот, ЕКГ-то покажа рамна линија, срцето престана да работи. Во полна тишина стоевме речиси 15 минути, а потоа го погледнав професорот Богдан Брецељ, најстариот во конзилиумот, покажувајќи му ги апаратите кои со звучни сигнали нѝ покажуваа дека работата. Професорот ми климна со глава. Тоа беше знак да ги исклучам. Го исклучив респираторот, ЕКГ мониторот, пејсмејкерот и електронската пумпа за вбризгување лекови во вена. Потоа ја напуштивме собата, раскажува лекарот.