Дајана Ким, фотографка од Хонолулу, љубовта кон фотографијата ја наследила од својот татко, кој имал фотографско студио на островот Оаху. Но, во последните неколку години нивниот однос не бил добар, ниту се гледале , нитуа таа знаела каде е , се додека пред три години не го сретнала помеѓу бездомниците кои ги фотографирала на улица.
Една од најчестите теми на фотографиите на Дајана биле бездомниците од Хаваите. Пред три години, додека ги фотографирала, од другата страна на објективот се нашол на нејзиниот татко.
Љубовта кон фотографијата ја наследила од татко си , со кој го изгубила контактот откако нејзините родители се развеле. Кога открила дека нејзиниот татко е меѓу бездомниците, се шокирала.
– Страдаше од шизофренија и не се лекуваше, па поради тоа не реагираше секогаш исто кога ќе ме видеше – вели оваа фотографка.
Таа го прибрала од улица и по неколку месеци неговата состојба значително се подобрила.
– Беше убаво да го видам повторно здрав – вели Дајана, која не може да поверува дека на таков начин повторно се нашла со својот татко.