Десет месечно бебе во Македонија имало мозочен удар


Најмлад пациент со мозочен удар во Македонија во изминатата година, за жал, било 10 месечно дете од Битола.Тоа било примено на почетокот на оваа година, во месец февруари.bebe inkubator

Според податоците од системот „МојТермин,“ со дијагнозата транзиторни церебрални исхемични напади, во текот на една година вкупниот број на пациенти изнесува 9.483, а број на упати 19.143. Просечната возраст на овие пациенти е 66 години. Вкупен број на пациенти кои имале мозочен удар на возраст под 40 години изнесува 268, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

Мозочните удари ги опфаќаат сите растројства на мозочната циркулација, настанати поради било каква причина. Мозочните удари по својата фреквенција се наоѓаат на првото место меѓу болестите на централниот нервен систем.
Исто така, во светски рамки, мозочниот удар е трет на листата на причинители на смртта, после кардиоваскуларните и малигните заболувања, додека во Кина и Јапонија претставува водечка причина за смртност.

Според податоците од Светската Здравствена Организација, годишно, во светот, од мозочен удар заболуваат 15 милиони луѓе. Од нив фатално завршуваат околу 6 милиони, додека 5 милиони се доживотни инвалиди. Статистичките податоци покажуваат дека 1 од 6 луѓе во текот на својот живот можат да добијат мозочен удар. Прикажано во временски параметри, секои 40 секунди некој човек добива мозочен удар, а на секои 6 секунди се умира од мозочен удар. 75% од мозочните удари се јавуваат на возраст над 65 години, каде мозочниот удар претставува и примарна причина за инвалидитет. Во 30 отсто од случаите, лицата кои преживеале мозочен удар стануваат дементни, а околу 50 отсто физички неспособни.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1