Десетгодишно момче облечено во униформа, со заканувачки борбен став и вооружено со ракетен минофрлач, се закани дека ќе го убие американскиот претседател Барак Обама во најновиот видеoспот што го објави Исламска држава.
– Разбудете се од сонот и платете го верскиот данок во покорувањето, пред мечевите на Калифатот да стигнат до вас и да ви ја отсечат вашата погана глава, изјавува десетгодишното дете облечено во воена униформа со борбен став, со раширени нозе, со еден кренат прст на десната рака и со минофрлачот во другата.
Момчето вели дека Обама е „кучето на Рим“, алудирајќи дека е слуга на Ватикан.