Десетици илјади верници ќе присуствуваат на богојавленскиот водосвет во Охрид


Десетици илјади верници и гости се очекува да присуствуваат на одбележувањето на големиот православен празник Богојавление  – Водици во Охрид

Чествувањата ќе започнат со света архиерејска василева литургија која ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско во 8 часот. Света василева литургија ќе се има и во сите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник. По завршувањето на литургиите, литиите ќе тргнат кон градското пристаниште. ohrid-vodici

Богојавленскиот водосвет на водите на Охридското Езеро по повод Водици, ќе се одржи на градското пристаниште со почеток во 10 часот. Светиот крст во водите на езерото, годинава, наместо од брод, ќе биде фрлен од пристаништето „кај колцето“. Се очекува по него да запливаат околу 1000 капачи.

Празнувањето ќе биде збогатено со пригодна културно уметничка програма. Во 9 часот присутните ќе можат да го проследат настапот на градските хорови, а по завршувањето на церемонијата, во 11 часот ќе настапи музичкиот ансамбл „Билјана- Јуниор“. Во 14 часот во месноста „ Сараиште“ ќе се одржи традиционалното масовно богојавленско крштевање, а во студентскиот дом „Никола Карев“, Црвениот крст организира крводарителска акција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1