Одгатнатиот текст на Иберите – предци на Баските, запишан на една плочка, зборува за голема катастрофа која се случила на Земјата во петнаесеттиот век од старата ера.
Инженерот од Грузија, Ш. Гведелидзе, успеал да го одгатне текстот на плочката, најдена при археолошките ископувања, недалеку од градот Билбао, најголем град на Баските, кои живеат во северозападниот дел на Шпанија и југо-западниот дел на Франција.
Како клуч за решавање на таинствениот текст на инженерот, му послужило старото грузиско писмо. Преведен и литературно приспособен, тој текст гласи:
„Не најде тешка и горчлива судбина. Во 4.100 година (1.503 година п.н.е.), земјата со голем татнеж почна да се тресе. Мудриот Рио ги предупреди своите сонародници дека тоа еднаш се случило и дека земјата на Иберите пропаднала во бездна и дека поради тоа треба да се напушти тој крај и да се тргне по трагата на Сонцето. Тој успеал да собере неколку стотици илјади луѓе и тие тргнале на онаа страна на која заоѓа Сонцето, па таму ја носеле новата татковина.“
На научниците им е познато дека во западна Грузија биле сочувани легенди кои зборуваат за тоа дека „земјата потонала“. Во легендите на Баските се зборува за преселување на нивните предци од пределите кои лежат на Исток. Преселувањата, според преданијата, уследиле по гигантската битка помеѓу оганот, земјата и водата.
Одгатнатиот текст е уште еден можен доказ за претпоставката дека земјата повремено ја погодувале катастрофи со поголеми размери, и истовремено, податок за потврда на хипотезата за заедничкото потекло на Иберите, предци на Блиските од кои потекнуваат Грузијците.