15 годишно девојче го загуби животот во сообраќајна несреќа на локален пат во близина на селото Градец, откако автомобил што го управувал малолетник излетал и се превртел.
Во несреќата потешко е повредено уште едно девојче и уште четири малолетници.
Според првичните сознанија на гостиварската полиција, автомобилот „БМВ” со странски регистерски таблички околу 16:30 часот со шест малолетници се движело на локалниот пат кој го спојува Градец со автопатот Тетово-Гостивар. Од сé уште неутврдени причини, автомобилот што најверојатно го управувал 14-годишник од Градец, изгубило контрола и неколку пати се превртело, објави Алфа.
Од здобиените повреди на самото место починало едно од девојчињата, а друго како итен случај е пренесено на скопските клиники. Другите деца со полесни повреди се згрижени во гостиварската болница.