ЖАРКО КУЗМАНОВСКИ (81) од тетовското село Брвеница, НЕНАД СЕРАФИМОВСКИ (87) од гостиварското село Зубовце, САШО САМОЈЛОВСКИ (82) од Тетово и уште двајца полицајци едниот од Гостивар, а другиот од Штип чии семејства се уште не се известени па поради тоа не се објавуваат нивните имиња – СЕ ЗАГИНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД НА ТЕРОРИСТИЧКАТА ГРУПА ВО КУМАНОВО.
-Сакам да им се поклонам и да им изразам сочувство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме, рече Јанкуловска
Последните повредени биле само пред еден час – при чистење на теренот. Како што информираше министерката Гордана Јанкуловска 6 полицајци биле погодени од куршуми кога мала група која одбила да се предаде оптворила жесток оган.
Јанкуловска потврди дека има предадени терористи кои се снимени како се предаваат и одведени во полиција каде со нив ќе биде извршен разговор и земени парафински ракавици. За жал групата која останала дала уште пожесток отпор во кои и биле повредени 6 полицајци.
Ситуацијата на терен е се уште високо ризична, вели Јанкуловска. Таа најави дека операцијата ќе продолжи сè додека не се сигурни дека и последниот терорист е неутрализиран.
Нема информација за загинати цивили, а вкупно има над 30 повредени полицајци.
Полицијата има информации за жртви и на страната на терористите но нема прецизна бројка и информација.
Терористите влегле од соседна земја, а дел од нив се и од Република Македонија
Македонската полиција не се повлекла од ниту една стратешка точка ниту од границата со Србија, изјави Јанкуловска по прашање за информациите од српските портали дека поради фактот што макеоднската полиција се повлекла србија испратила засилување на граничниот појас.
Според информациите од МВР полицијата имала добри информации за утврденоста на групата и акцијата била исклучително професионално испланирана. Сепак се потенцираше дека се работело за исклучително тешка акција бидејќи терористите биле во урбана средина. Населено место со тесни улички и многу куќи.
„Акцијата беше добро подготвена, и имавме добри разузнавачки информации, но за жал имаме ненадоместливи загуби. Се соочивме со силно организирана терористичка група со која водевме битка на тежок терен во тесни улички и куќички“, изјави вечерва на прес конференција министерката Јанкуловска.
„Акцијата беше тешка, никогаш потешка акција немале македонските безбедносни служби, одговори Јанкуловска на прашањето чија е одговорноста за 5 те жртви на страната на македонската полиција
Јанкулоска рече дека се работи за исклучително опасна терористичка организација која била закана за државните институции, но и за мирот и стабилноста на земјата, но рече дека во овој момент не би шпекулирала за мотивите на групата. Таа рече дека вооружената група сакала да го искористи моментот во кој се наоѓа државата и сакала да изврши напади врз државни институции. Напаѓачите користеле автоматско оружје, бомби и снајпери. Јанкулоска рече дека тие биле од Македонија и од една соседна држава.
Таа рече дека ова што се случува во Куманово е премногу сериозно за користење за политички цели и ги повика партиите да се воздржат од провокации.
Од МВР објаснуваат дека акцијата започнала околу 5 часот утрово, но наишле на жесток оган, по што како што велат, одговориле внимателно и соодветно на ситуација.