МВР во 22:30 на прес со детали за акцијата во Куманово


Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција за во 22.30 часот на која ќе бидат презентирани детали за акцијата во Куманово.

mvr-zgrada

 

Претходно во прес конференцијата во 14 часот портпаролот на МВР Иво Котевски информираше дека утрово околу 5 часот специјалните единици отпочнале со реализација на планот за разбивање на терористичка група.

Истите наидоа на жесток отпор од терористите кои ги нападнаа со автоматско оружје, бомби и снајперски оган. На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата, истакна Котевски.

Во текот на денот во Ургентниот центар во Скопје беа пренесени дваесетина повредени полицајци. Нема информации за нивната состојба. Неофицијално тројца припадници на безбедносните сили починале.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1