Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа која околу 22 часот вчера се случи на патот Струмица-Дабиле, дознава Курир.
Според информациите до кои дојдовме две лица се потешко повредени и поради сериозноста на повредите итно се пренесени кон скопските клиники.
Несреќата се случила при судир на „Фиат Пунто“ во кој имало 3 лица и „Опел Астра“ во двајца патници.Три лица се со сериозни повреди по телото, меѓу кои и една бремена жена со повреди на главата, за која во нејзиното извлекување учествувала екипа на Противпожарната единица во Струмица.