Детали: За 48 часа ќе се знае дали британецот имал Ебола – тестовите се прават во Германија


Пациентот кој три дена имал стомачни проблеми и температура од 37,5 степени престојувал во хотелот „ Супер 8“ во близина на Мавровка, од каде со итна помош бил пренесен во болница.

Здравствените власти испратија материјал во меѓународно призната референтна лабораторија во Германија за да испитаат дали пациентот кој почина попладнево на Инфективната клиника во Скопје бил заболен од опасниот вирус ебола.

jovanka kostovaБританскиот државјанин бил примен на Клиниката околу 15 часот попладнево, со тешка и брзо прогресирачка клиничка слика од хотелот каде што престојувал. И покрај преземените медицински мерки, починал за час и половина од хоспитализирање.

Според д-р Јованка Костовска од Институтот за јавно здравје, пациентот во земјава престојувал од 2 октомври, а допатувал директно од Велика Британија. Првичните податоци биле дека претходно бил во Нигерија, но подоцна неговиот пријател, кој исто така е под надзор на Инфективната клиника, тврдел дека не биле во ниту една земја која се смета за ризична заради вирусот на ебола.

На прес-конференцијата д-р Јованка Костовска објасни дека кај починатиот пациент, и покрај тешката клиничка слика, не е потврдено заболување од ебола, но дека сепак, се преземени сите мерки како да се работи за високоризична болест. Изјавата на Костовска ја пренесуваме интегрално.

„Од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби сме информирани дека денеска околу 15 часот е примен пациент со тешка, брзопрогресирачка клиничка слика и неконтактибилен, донесен со возило на Итна медицинска помош од хотелот каде престојувал. И покрај преземените медицински мерки, пациентот починал по неколку часа од хоспитализирањето.

Станува збор за странски државјанин кој влегол на територијата на Република Македонија на 2 октомври, а според податоците од неговиот колега не престојувал во земја – ризично подрачје за ебола.hotel-super-8
Според изјавите на колегата со кој што допатувал во земјава, пациентот во изминатите 3 дена се жалел на стомачни потешкотии, одбивал храна и бил слабо контактибилен, но не побарал лекарска помош. Денеска службата за Итна медицинска помош добила повик од скопски хотел за гостин со симптом на повраќање и истоштеност. Службата веднаш интервенирала и согласно констатираната влошена состојба на пациентот, истиот е веднаш транспортиран на Клиниката за инфективни болести.

На Клиниката за инфективни болести се преземени сите мерки за третирање на пациентот. Пациентот имал симптоми на благо покачена телесна температура – 37.4 Ц, што не соодветствува на ебола, имајќи во предвид дека карактеристична температура за лица заболени од ебола е над 38.5 Ц. Сепак, брзата и тешка клиничка слика, повраќање внатрешно крварење, и ненадејна и брза смрт, се симптоми за ебола, што постави сомнеж и кај овој пациент.

Во последниов половина час добивме информација од повеќе места дека пациентот почесто и во поголеми количини конзумирал алкохол, што може да даде слична клиничка слика и за друго заболување, меѓутоа овие информации ги проверуваме со цел дополнително да ги потврдиме.

Согласно протоколите, при појава на вакви симптоми, се преземаат сите мерки како да се работи за високоризична болест. За таа цел, за да се потврди дали станува збор за болеста, се врши обдукција и се испраќа материјал за анализа во референтна меѓународна лабораторија.

Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб постојано заседаваат. Иако се големи шансите да не се работи за ебола, ние работиме согласно стандардна оперативна процедура (сите донесени протоколи за постапување) како да се работи за случај сомнителен за ебола. Токму затоа, во хотелот каде престојувал пациентот ставена е забрана за влез на лица, затечените лица се ставени во карантин, а исто така и медицинските лица кои биле во непосреден контакт со пациентот се ставени во карантин, се до добивање на првичните резултати.

За населението важат стандардните препораки: еболата не се шири по воздушен пат, туку исклучиво при контакт со заболено лице или животни. При престој во земји каде има заболени лица, треба да се избегнува контакт со заболено лице или животни, а при враќање во Република Македонија во период од 3 недели да ја следат својата здравствена состојба“, се вели во изјавата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1