Полицијата ја потврди информацијата дека во Чаир, попладнево се случила вооружена престрелка, во која една девојка со иницијали А.Ѓ. е жртва.
Девојката според полицијата е пренесена на скопските клиники и е надвор од животна опасност.
-Повредената и осомничениот претходно биле во љубовна врска, велат вработените во маркетот.
Од МВР додаваат дека веднаш по пријавувањето на настанот на лице место биле испратени неколку полициски екипи.
Полицијата работи на расветлување на случајот.