Детали за крвавото убиство во Слупчане: Убиени татко и 9-годишно дете


Крваво убиство ја потресе македонската јавност кога синоќа во 22 часот и 40 минути биле убиени две лица во автомобил во Слупчане.

Телма дознава дека станува збор за Ахид Салахи од село Опае на возраст од 47 години и неговиот 9-годишен син Амар С. Телата на таткото и синот биле пронајдени во атараот на Слупчане, кај месноста „Слупчански бунар“ во патничко моторно возило марка Опел Астра.

Во нив било пукано, а засега не се знае сторителот, ниту пак мотивот за крвавото убиство.

Телата на убиените се предадени на обдукција во судска медицина.

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на село Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.

На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1