Мицкоски: Народот не греши, ова е почеток на крајот на Зоран Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва истакна дека денеска народот ги казнил сите погрешни политики на власта, споменувајќи ги општините каде што оствари триумф кандидатката Гордана Силјановска. Тој побара поддршка за конечна победа во вториот круг.

„Ова кое денеска се случи е почеток на крајот на Зоран Заев. Народот никогаш не греши, и ќе ги казни за секое зло кое го нанесоа, за правдата, за името, за идентитетот, за игнориње на народот е игнорниран, за криминалите.

Никогаш нема да заборавиме од каде почнавме. Започнува нова реалност, ќе дојдат подобри денови за Македонија.

Победивме во Скопје, цело Скопје е повторно победнички вмровски град. Победивме в Гази Ваба, во Ѓорче Петров, во Бутел, Аеродром, Кисела Вода, Битола, Штип, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Виница, Кочани, Демир Капија, Росоман, Градско, Свети Николе, Македонска Каменица, Градско, Охрид, Ново Село, а одиме на победа во вториот круг, каде што водиме во Ново Село, и во Охрид каде е тесна разликата.

Благодарам за сите кои ја дадоа поддршката, но и за оние кои не се одлучија, и за оние кои се колебаа. Народот се обединува. Ајде заедники во вториот круг да дојдеме до таа толку посакувана конечна победа. Ајде да го поразиме Зоран Заев, ајде да ги поразиме погрешните политики. Заеднички да ја победиме хотел коалицијата, кои за само 2.5 години си го покажаа вистинското лице кое народот во Македонија го заборави бидејќи долго време бае во опозиција“, рече Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1